САД ќе му дадат 1 милијарда долари безбедносна помош на новиот претседател на Колумбија
САД планираат да ѝ доделат на Колумбија безбедносен пакет вреден 1 милијарда долари, само неколку часа откако новиот десничарски претседател Абелардо де ла Есприела стапи на должност.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека пакетот има цел да им помогне на Вашингтон и Богота да ги остварат „заедничките цели“ во областа на безбедноста.
Де ла Есприела во петокот положи заклетва како претседател на Колумбија. На инаугурацијата присуствуваше и американска делегација, предводена од вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш.
Американскиот претседател Доналд Трамп досега отворено го поддржуваше Де ла Есприела, нарекувајќи го „паметен, силен и цврст лидер“ и предвидувајќи дека ќе биде „исклучително успешен“ на функцијата.
Вашингтон во исто време објави дека Колумбија се приклучила на „Shield of the Americas“, иницијатива на земји од Северна, Централна и Јужна Америка насочена кон борба против нарко-трговијата и криминалните организации.
Стејт департментот порача дека администрацијата на Трамп е подготвена да ја поддржи новата колумбиска влада во борбата против, како што ги нарече, „нарко-терористичките и криминалните организации“.
Вашингтон во вториот мандат на Трамп сè повеќе го засилува своето присуство во Латинска Америка, вклучително и преку операции против наводни шверцери на дрога и акцијата против поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе му дадат 1 милијарда долари…
САД планираат да ѝ доделат на Колумбија…
Трамп го забрани „породилниот туризам“ во САД…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нови извршни…
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Трамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските…
Трамп: „Неверојатно дволичниот“ Иран молеше за разговори,…
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави…