Се запали комбе со македонски регистарски таблички во Албанија, превезувало пилиња
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија.
Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај.
– По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа – објавија медиумите.
Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.
Истражниот тим продолжува со работата за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се запали комбе со македонски регистарски таблички…
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило…
Државиште: Полициско комбе со издишани гуми стои…
Полициско комбе со издишани гуми веќе втора…
Приведен жител на Пепелиште, се сомничи дека…
Педесет и петгодишен маж бил повикан во…
Тешко повреден е малолетник од Велешта, со…
МВР информира дека вчера во 13.30 часот…
Се запали комбе во движење на патот…
Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се…