Уште една „филмска сцена“ во Тетово: Маж на мотор со калашников пукал кон куќа
На 08.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото.
-При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв“. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во гостиварската болница била донесена почината 45-годишна…
45-годишна жена од гостиварското село Врапчиште синоќа…
Измамен за 338.000 денари: Му дал пари…
На 23 септември во 11:40 часот, во…
20-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на…
Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа…
ПО ТРИНЕДЕЛНА БОРБА ПОЧИНА 13-ГОДИШНИОТ ИЗБОДЕН ВО…
Три недели лекарите се бореa за животот…
16-годишно момче возело кола и се судрило…
Момче на возраст од 16 години е…