Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција: Том Бланш избран за државен обвинител на САД
Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го потврди поранешниот личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, Тод Бланш, за државен обвинител на САД.
Сенатот, контролиран од републиканците, гласаше со 50-49 за изборот на Бланш, кој од април беше вршител на должноста државен обвинител.
Неговата номинација привлече значителна проверка и критики, вклучително и од самата Републиканска партија на Трамп.
Републиканските сенатори Сузан Колинс од Мејн и Лиза Мурковски од Алјаска гласаа против неговото потврдување, приклучувајќи се кон сите демократи во сенатскиот дом.
Бланш го презеде Министерството за правда како вршител на должноста откако Трамп ја отпушти поранешната генерална обвинителка, Пам Бонди поради критиките за нејзиното справување со последиците од скандалот околу осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, кој почина во 2019 година.
Пред да стане вршител на должноста државен обвинител, Бланш беше заменик-државен обвинител. Тој се смета за лојален сојузник на Трамп.
Пред реизборот на Трамп, Бланш беше член на тимот на одбраната на Трамп во кривичниот судски процес во Њујорк за фалсификување деловни евиденции со цел да прикрие исплата за молк на порно актерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…
Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…
ФБИ открива вознемирувачки закани: Планирале да го…
Сметан од многумина за најдобар фудбалер на…
Брод погоден од непознат проектил покрај брегот…
Брод бил погоден од непознат проектил на…
Протести на Мајорка против масовниот туризам
Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на…
Вучиќ: Избори за максимум три месеци
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека следната…