Автобус со ученици заглави на траектот за Корчула: Луѓе го туркаа и го нишаа
Автобус со полски средношколци вчера заглавил на рампата за качување на траект на линијата Оребиќ–Корчула, поради што сообраќајот бил целосно прекинат повеќе од еден час, објави хрватски „Индекс“, повикувајќи се на сведоштво од читател.
Траектот „Илок“ требало да исплови во 14 часот, но автобусот не можел ниту да се качи, ниту да се симне од траектот. Сообраќајот повторно бил воспоставен околу 15:15 часот.
Според сведоштвото, капетанот на траектот се обидел со маневрирање да го ослободи автобусот, но без успех.
На снимките се гледа како патници однадвор го туркаат и го нишаат двокатниот автобус, обидувајќи се да го поместат, а вработените во „Јадролинија“ се обиделе проблемот да го решат и со помош на синџири наменети за зимски услови, но ниту тоа не помогнало.
Автобусот, според читателот на „Индекс“, конечно бил ослободен откако од него бил изнесен целиот багаж.
Читателот наведува и дека поради блокираната рампа, траектот што доаѓал од спротивната страна не можел да пристигне.
На него, според неговите тврдења, имало и возило на Итната медицинска помош, додека на Корчула во меѓувреме чекало друго возило на итната помош.
Траектната линија била прекината во двата правци, а возила чекале и во Оребиќ и на Корчула.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобус со ученици заглави на траектот за…
Автобус со полски средношколци вчера заглавил на…
СДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е…
Повеќе од четири недели Гостивар е без…
Црна Гора воведе драстично построги казни: Затвор…
Од 7 август во Црна Гора се…
Оман: Конструктивни преговори за условите за пловењето…
Оман соопшти дека преговорите за условите за…
Се урна балкон од напуштена куќа во…
Во населбата Печине во Риека, Хрватска вчера…