ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот
Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд.
Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%.
Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација.
Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам.
Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници.
Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор.
Посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места.
Туризмот е двигател на локалниот економски развој, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики, инвестиции и мерки кои носат резултати.
Со јасна визија и континуирана поддршка, продолжуваме да ја градиме Македонија како модерна, конкурентна и атрактивна туристичка дестинација, со повеќе туристи, повеќе инвестиции, нови работни места и посилен економски развој“, се вели во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите…
Туризмот е еден од стратешките приоритети на…
ЦУК регистрираше 25 пожари на отворено, гори…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше…
Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се…
Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои…
Тинејџери „ловци на педофили“ претепаа маж до…
Окружното обвинителство во Пловдив побара притвор за…
Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство…
Пентагон побара од американската одбранбена индустрија итно…