Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар
Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 13 часот денеска, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари има во пет општини.
Во Општина Аеродром, пожарот е регистриран во село Горно Лисиче, каде што гори ниска вегетација, дрва и пченка.
Во Општина Илинден, активен е пожарот на автопатот Скопје–Велес, спроти бензинската пумпа „Макпетрол“, каде што гори ниска вегетација.
Пожар е активен и во Општина Босилово, во село Турново, каде што гори стрниште.
Во Крива Паланка, пожарот е регистриран на излезот од градот, на локација која претставува депонија.
Активен пожар има и во Општина Гостивар, во село Симница, каде што се зафатени ниска вегетација, стрништа и грмушки.
Пожарот во Општина Зелениково, над селото Зелениково, е ставен под контрола. Таму огнот зафатил шума и ниска вегетација.
Во текот на денот се регистрирани и три изгаснати пожари – во село Грчец, Општина Сарај, на локацијата на Новите градски гробишта во Прилеп, како и во село Црвивци, Општина Кичево.
ЦУК продолжува да ја следи состојбата со пожарите на отворен простор и да ги координира активностите со надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска размислува за воведување на задолжителна воена…
Полска размислува за воведување на задолжителна воена…
296 сообраќајни прекршоци за два дена преку…
Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку…
ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…
Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…
Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…