Објавено на:

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем

t

Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач.

Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време.

На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати.

Ивановски, кој во февруари 2024 година во Севиља го постави државниот рекорд со време 2:08:26, оваа година на маратонот во Белград го истрча своето второ најдобро време од 2:09:35.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ