Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во друго возило

t

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди бил примен на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде што бил и опериран.

Случајот го потврди директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, кој информираше дека во изминатиот период се зголемил бројот на пациенти со повреди од сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, објави 4news.mk

„Имавме и пациент кој учествувал во сообраќајна незгода откако поради високите температури колабирал, изгубил свест и удрил во друго возило. И тој пациент беше опериран“, изјави Мерџановски.

Според него, ова лето се регистрираат повеќе случаи на колапси поврзани со високите температури.

Мерџановски апелираше граѓаните да бидат особено внимателни во периодите на најголеми горештини, да избегнуваат патување во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.

Препораката е особено важна за лицата кои мораат да престојуваат или работат на отворено, но и за возачите, кај кои изложеноста на високи температури може да доведе до влошување на здравствената состојба и колапс.

Извор: 4news.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест…

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој…

(Видео) Тешка сообраќајка во скопско, се судрија…

Денеска (09.08.2026) во 16:00 часот на регионален…

Малолетик нападнал полицаец во Скопје

На 08.08.2026 во 08:00 часот во Полициската…

Трагедија кај Брајчино: Мотоциклист загина откако излетал…

Трагичен сообраќајен инцидент се случил рано утринава…