Германија бара мигрантите да се испраќаат во Италија и Грција: Рим возвраќа дека „нема кого да прими“
Германија бара повторно да се воспостави трансферот на мигранти кон Италија и Грција, откако на 12 јуни стапија во сила новите правила од Пактот на Европската Унија за миграција и азил.
Од германското Министерство за внатрешни работи за италијанската агенција АНСА посочиле дека функционирањето на Даблинскиот систем е „неопходен услов“ за успешно функционирање на Заедничкиот европски систем за азил.
Берлин очекува трансферите кон Италија и Грција да продолжат согласно новите правила.
Според Даблинската регулатива, барањето за азил во принцип треба да го разгледа првата земја членка на ЕУ во која мигрантот влегол. Новиот пакт носи и построги правила за секундарното движење на мигрантите меѓу земјите членки.
Токму ова прашање со години предизвикува несогласувања меѓу Италија и земји како Германија, Австрија и Франција.
Од Рим, сепак, не се согласуваат со ставот на Берлин. Извори од италијанското Министерство за внатрешни работи за АНСА изјавиле дека „нема даблински мигранти“ кои Италија треба да ги прими назад од Германија.
Според италијанските власти, случаите на мигрантите кои влегле во Италија пред 12 јуни, а потоа продолжиле кон друга земја членка, веќе биле решени согласно постојните договори со одредени држави.
Од Рим додаваат дека е „премногу рано“ да се утврди дали мигранти кои пристигнале во Италија по 12 јуни во моментов се наоѓаат во други земји членки, бидејќи поминало премалку време за да се направи таква проценка.
За мигрантите кои нерегуларно пристигнале во Италија по овој датум, италијанските власти најавуваат дека ќе се залагаат за примена на механизмот за „компензација“, при што би се земале предвид и мигрантите кои во Италија пристигнале со бродови на невладини организации под европски знамиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Борисов прашува што ќе даде за возврат…
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека…
Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…
Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…