Објавено на:

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

t

Германија го заострува ставот кон враќањето на мигрантите и бара повторно да започнат трансферите во Италија и во Грција, по стапувањето во сила на Пактот на ЕУ за миграција и азил, објави агенцијата „АНСА“.

Пактот стапи во сила на 12 јуни, а портпарол на германското Министерство за внатрешни работи изјави дека функционирањето на Даблинскиот систем е „неопходен услов“ за успешно функционирање на Заедничкиот европски систем за азил.

Берлин очекува од 12 јуни повторно да започнат трансферите на мигранти во Италија и во Грција, додаде портпаролот.

Според Даблинските правила, барањата за азил на мигрантите од земји надвор од ЕУ треба да се разгледуваат во првата земја членка во која тие влегле.

Првиот конкретен случај на враќање во Италија веќе е најавен за 19 август. Станува збор за 22-годишна Сомалијка, Абдирисак Варсаме, која во март пристигнала во Германија, откако претходно поминала низ Италија.

Варсаме моментално престојува во прифатен центар во Нидерверн, во германската покраина Баварија. Германското Министерство за внатрешни работи ја известило дека на 19 август ќе биде префрлена во Италија, а во писмото до неа се наведува дека полицијата ќе дојде по неа.

Младата жена, која побегнала од својот татко и од договорен брак, во Германија поднела барање за азил, каде што веќе живеат нејзината мајка, брат и други роднини.

Германските власти, сепак, утврдиле дека таа потпаѓа под надлежност на Италија, бидејќи таму првпат влегла во ЕУ.

Барањето италијанските власти да ја преземат Варсаме било испратено во јуни. Откако во рок од две недели не пристигнал одговор од италијанските власти, барањето автоматски се сметало за прифатено.

Од италијанското Министерство за внатрешни работи, пак, изјавиле дека „нема мигранти според Даблинската регулатива што треба да ги преземеме назад од Германија“.

Според италијанските власти, сите таканаречени „даблински мигранти“ кои пристигнале во Италија и пред 12 јуни продолжиле кон друга земја членка на ЕУ се сметаат за опфатени со договорите што Италија ги постигнала со одредени земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…

Германија го заострува ставот кон враќањето на…

КАДЕ ИСЧЕЗНУВА ДУНАВ? Во Германија има вода,…

Дунав деновиве изгледа како две различни реки.…

Владата ја усвои првата приоритетна листа: 41…

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата…

(Видео) Манасиевски: Филипче е во паника по…

Нервозата кај лидерот на СДСМ, Венко Филипче,…