И реките Тополка и Бабуна загадени, не се препорачуваат за капење
Најновите анализи што ги изврши Центарот за јавно здравје – Велес покажаа дека реките Тополка и Бабуна се микробиолошки загадени и не се препорачуваат за капење и рекреација. Кога на ова ќе се додаде дека езерото Младост веќе две години е под забрана, единствена безбедна опција за граѓаните во Велес остануваат градскиот базен и приватните хотелски базени.
Испитувањата на реката Тополка покажаа влошен квалитет на водата уште во нејзиниот горен тек. На локацијата „Чашка-капалиште“, водата е категоризирана во трета класа поради зголемена матност и лоша микробиолошка состојба.Состојбата е драматично полоша во долниот тек, пред вливот на Тополка во Вардар. Таму анализите измерија катастрофална петта класа на матност и трета класа за бактериска контаминација, сатурација и присуство на амонијак и нитрити, со што оваа локација е целосно небезбедна за луѓето.
Ништо подобра не е состојбата ниту со реката Бабуна.На „Прва плажа“, каде што летово се капат голем број велешани, водата падна во трета класа поради бактериска контаминација, како и присуство на амонијак и манган.Квалитетот на реката Вардар низ Велес, од Башино Село до вливот на Бабуна, веќе со години воопшто не се мери од страна на надлежните институции бидејќи реката одамна не се користи за капење
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И реките Тополка и Бабуна загадени, не…
Најновите анализи што ги изврши Центарот за…
(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…
„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…
Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…
Германија го заострува ставот кон враќањето на…
Тешка сообраќајна несреќа кај Козјак: седуммина завршија…
Седум лица се повредени, од кои едно…