ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол
„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол“, велат од ВЛЕН.
„За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви наброиме некои од „достигнувањата“ што тој ги реализираше во име на ДУИ.
Да, Артан Груби претседавал со седници. Дури претседавал и со седницата на која беше донесена одлуката казината да никнуваат како печурки во секое албанско маало.
Со Груби како „прв вицепремиер“, Александар Онишченко, лице ставено на американската црна листа, доби државјанство, додека Дака Давидовиќ, исто така на американската црна листа, до гуша се вмеша во зделките за Тетово.
Ете за што ѝ служеше на ДУИ оваа функција!“, соопштуваат од ВЛЕН.
„И бидејќи самите ја отворивте темата за „првиот вицепремиер“, одговорете на прашањето што ви го повторуваме со денови:
Дали ќе побарате од Обвинителството да соопшти до каде е стигнат случајот поради кој Артан Груби заврши на американската црна листа“, прашуваат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол
„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…
ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…
Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…
ДУИ: ВЛЕН стана синоним за потчинетост –…
Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој…
ДУИ: Откако ВЛЕН стана дел од Владата,…
За време на изборите, ВЛЕН ветуваше дека…
ВЛЕН: Али Ахмети го жртвуваше духот на…
Соопштение на ВЛЕН Охридскиот рамковен договор, кој…