Ахмети: Јас побарав од Груби да се врати во Македонија и му реков „ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа“

t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на РТВ21 во Приштина изјави дека побарал од Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорноста доколку ја злоупотребил неговата доверба.

Тој притоа нагласи дека бара вистинска и неселективна правда и дека се надева дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи.

-Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: „Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа“. Тој се заколна дека ќе работи чесно. И единствениот збор што ми го кажа беше: „Работев чесно“. И јавно побарав и вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но, не со селективна правда, туку сакам да се спроведе вистинска правда. И мислам дека работите одат добро, првото нешто е да се ослободи од домашен притвор и да видиме како ќе продолжи — рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…

Адвокатите на Артан Груби се оградија од…

Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…

Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…

Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…

Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…

Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Недостигот на дизел може да продолжи и…

Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…