Приведен велешанец во Охрид: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

t

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Апсењето следува по претходна пријава поднесена истиот ден во 14:35 часот во СВР Битола од страна на 21-годишна девојка, државјанка на Шведска.

Според пријавата на оштетената, тешкото кривично дело било извршено во ноќта меѓу 8 и 9 август 2026 година во ноќен клуб во Охрид, каде што тој извршил обљуба врз неа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање и расчистување на случајот, против осомничениот 33-годишен велешанец ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен велешанец во Охрид: 21-годишна Швеѓанка пријавила…

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10…

Рама го нападна Вучиќ: Нема Голема Албанија,…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, се осврна…

Ахмети: Јас побарав од Груби да се…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување…

Новиот систем на ЕУ направи хаос на…

Чекањето на некои од најголемите европски аеродроми…