ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА ДУИ
Прес-конференција на ВЛЕН
Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата.
Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал.
Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот договор. Не во потписите што стојат под него, туку во начинот на кој тој неправедно беше присвоен од една единствена партија и претворен во политички капитал.
Во името на овој договор и на жртвата што стои зад него, се појавија луѓе опседнати со фотелји и моќ, луѓе вкочанети од власта. Во негово име се појавија милионери, се издигнаа семејни бизниси и се изгради систем што им служеше на мал број луѓе.
Охридскиот договор не е тапија на ДУИ. Не е сопственост на Али Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика. Тој е историско достигнување на Албанците.
ДУИ повеќе од две децении имаше власт до гуша. Имаше министри, заменици-министри, пратеници, директори и функционери во секој сегмент од државата.
Да сакаа, денес правичната и соодветната застапеност ќе беше гарантирана со закон. Децентрализацијата ќе беше завршена работа.
Но не го направија ниту едното, ниту другото.
Правата на Албанците не одат во опозиција заедно со ДУИ. Ниту Охридскиот договор Али Ахмети може да го понесе со себе во опозиција.
Оваа приказна повеќе не поминува.
ВЛЕН не го споменува Охридскиот договор само кога доаѓа годишнината. За нас, тој е обврска за конкретна работа.
Тоа значи правичната и соодветната застапеност да се заштити со закон. Усвојувањето на овој закон не е само спроведување, туку и унапредување на Охридскиот договор.
Тоа значи вистинска децентрализација, со повеќе надлежности и финансиски средства за општините, што го правиме како никогаш досега, со над 1.200 проекти.
Дваесет и пет години подоцна, време е да му го вратиме достоинството на Охридскиот договор. Не само како правен документ и договор што стави крај на конфликтот, туку како историско достигнување на Албанците, втемелено во уставниот поредок и како трајна заложба за еднаквост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол
„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…
ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…
Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…
ДУИ бара албанскиот јазик да биде вратен…
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли…