Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со водата, а СДСМ молчел – ОЈO постапува, очекувам одговорност!

t

Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето! Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје..

-СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДС не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било “лоповлук” и лично богатење.

Знаел и Венко(МЗ), знаела и Рената( ДСЗИ), знаел и тогашниот директор на АХВ, сите знаеле! Добивале писмени известувања од Центрите за јавно здравје, ИЈЗ, приватни акредитирани лабаратории за испитување квалитет.

Сите овие известувања кои ги добивале и молчеле, ќе бидат доставени до јавноста и до обвинителството.
Не смее да е исто и не е исто!

Сите надлежни институции, вклучително и здравствените имаа соодветен одговор и дено-ноќно работат за граѓаните на Госивар добијат квалитетна вода, а воедно се достапни за доставување на информации и документација која ќе биде побарана.

Ајде Венко уште денес да влеземе во судница и јавно пред сите медиуми и целата јавност, да разговараме и да ги извадиме фактите и аргументите и за Гостивар, и за прочистителната станица во Гостивар која сеуште не била ставена во функција и за известувањата за неисправна вода во повеќе градови за која сте молчеле и за ограбените и распаднати здравствени институции кои си ги оставил, за модуларната болница, за Ковидот, за 10 тони опасен хемиски отпад кој можеше да направи голема хаварија во сред Клинички а си го оставил со години иако си знаел , да зборуваме и за лабараторијата од трет степен на безбедност, која си ја отворал во ИЈЗ за која има странска донација, а не проработела ни минута затоа што не е довршена, тоа што е направено е во голем дел погрешно изведено, а фирмата изведувач веќе не постои….а си знаел, во иста зграда си бил…

Ајде Венко имаме уште многу што да разговаравме, каков “пепел” оставивте и што се превземаме за да ги вратиме институциите во кондиција!

Верувам во професионалноста на обвинителството и верувам дека секој ќе си го добие местото кое го заслужува согласно законот и прописите.

Додека СДС си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности, пишува во својата објава Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…

Ако надвор е 39 степени, клима уредите…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

(Документи) Седум години се криело дека водата…

Водата во Гостивар не била за пиење…

СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…