Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

t

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

Вчера, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

„МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени“, соопштија двете институции. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

296 сообраќајни прекршоци за два дена преку…

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку…

ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…

Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…

„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…

Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…