„Пулс“ без противпожарна заштита и со над 600 гости: Вештаците откриваат како пропустите придонеле за трагедијата
Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува денеска во судницата во „Идризово“, со изведување на градежното вештачење и распит на вештаците кои работеле на него.
На претходното рочиште, професорот од Градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски истакна дека анализата покажала сериозни пропусти во функционирањето на системот, како и непочитување на стандардите, прописите и процедурите.
Според неговото сведочење, во објектот практично немало преземено мерки за противпожарна заштита. Немало ниту соодветни излези за евакуација, а капацитетот на просторот бил околу 363 лица, додека во критичната ноќ во дискотеката имало повеќе од 600 посетители.
Марковски посочи и на материјалите употребени во објектот, меѓу кои имало и горлив материјал кој при согорување испушта токсичен чад и горливи капки. Истовремено, дел од конструкцијата покажувал знаци на изложеност на екстремно високи температури – челичните елементи биле деформирани, а биле пронајдени и стопени стаклени шишиња.
Во продолжението на постапката се очекува да бидат разгледани причинско-последичните врски и пропустите поврзани со материјалите, контролата, документацијата, пренамената на објектот и стручниот надзор.
Со денешното изведување на доказите, како што е најавено, треба да заврши доказната постапка на Обвинителството.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Во пожарот што избувна во „Пулс“ на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Трагедијата се вбројува меѓу најтешките во поновата историја на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…
Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…
„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…
Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…
Потерницата за Михајлова стигнала во бугарското МВР
Бугарското Министерство за внатрешни работи добило известување…
ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…
Адвокатите на Артан Груби се оградија од…