Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив
Израелското Министерство за надворешни работи повторно ги предизвика официјалните лица во Турција на социјалните мрежи, овој пат објавувајќи мапа за да ги „поддржи“ своите тврдења.
Меѓу другото, израелското Министерство за надворешни работи објави мапа на Турција и околните земји и изјави дека официјална Анкара зазема поголема територија во соседните земји отколку Израел.
„Турција има дрскост да го критикува Израел. Но, каква е реалноста на терен? Илјадници турски војници. Десетици воени бази и пунктови низ цела Сирија, Ирак и Кипар“, изјави министерството.
Тие нагласуваат дека оваа политика на Турција не познава граници.
„Воената агресија на Ердоган не познава граници, а Турција окупира 36% од Кипар, 5% од Сирија и 2.000 квадратни километри од Ирак. Израел привремено контролира само 0,1% од Сирија – тампон зона за заштита на своите граѓани од докажани безбедносни закани“, наведоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел oбјави мапа како доказ дека Турција…
Израелското Министерство за надворешни работи повторно ги…
Британец со деменција по 25 години живеење…
На 74-годишниот Британец Хорас Мејсон, кој повеќе…
„Пет недели граѓаните на Гостивар се без…
Пет недели по избивањето на кризата со…
„Пулс“ без противпожарна заштита и со над…
Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека…
Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените…
Министерството за внатрешни работи и Фондот за…