Казните на „Безбеден град“ наскоро ќе ги стигаат странците на сите гранични премини

t

Ако возите со 80 километри на час на делница каде што е дозволено само 50, а притоа управувате возило со странска регистрација – засега минувате неказнето. Камерите од системот „Безбеден град“ сѐ уште ги регистрираат само домашните возачи, што е посебно изразено во летниот период кога низ земјава транзитираат илјадници странски возила без можност да се санкционира нивното брзо возење или кој било друг прекршок пред да ја напуштат македонската граница.

Сепак, од Министерството за внатрешни работи најавуваат брза промена на оваа пракса:

„Системот ‘Безбеден град’ деновиве ќе започне со функционирање на Граничниот премин Табановце, каде на сите возачи на возила со странски регистарски таблици кои истиот ги евидентирал дека сториле прекршок или кривично дело на територија Република Северна Македонија, ќе им се соопшти дека сториле прекршок, ќе им се издаде Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, по што ќе им се понуди да платат или ќе бидат изведени до надлежен суд по брза постапка. Овој начин на функционирање наскоро ќе започне да се применува на сите гранични премини“, велат од МВР.

Додека не се види како ова решение ќе функционира во пракса, за странските државјани единствена пречка на патиштата остануваат полициските „пресретнувачи“.

Од МВР тврдат дека полициските екипи се постојано присутни по клучните транзитни маршрути на Коридорот 8 и Коридорот 10. Сепак, со оглед на огромниот обем на летниот сообраќај, физички е невозможно да се затекнат сите прекршоци – поради што и примарно се форсира целосната функционалност на системот „Безбеден град“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казните на „Безбеден град“ наскоро ќе ги…

Ако возите со 80 километри на час…

Кремљ бара Ерменија да одржи референдум: „Или…

Москва ја покани Ерменија да одржи референдум…

Како се вози низ Македонија: Над 1.300…

Полициските службеници во текот на изминатите два…

Македонија стави два авиона за гаснење пожари…

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем…

МОН на Меѓународниот ден на младите: Партнерскиот…

Младите се двигател на општествениот развој, а…