Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок прскање против возрасни комарци

t

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на Драчево, со цел заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Денешната акција е насочена кон сузбивање на ларвите. Специјализирани екипи на терен вршат третман со соодветен ларвицид на критичните точки, како канали, застојани води и влажни места каде што се задржува вода и постојат услови за размножување на комарците.

Акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се спроведе теренско прскање против возрасни комарци на територијата на Драчево, со што се очекува дополнително намалување на нивната бројност.

Од Општина Кисела Вода ги потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавениот третман против возрасни комарци во петок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На нашиот нов и прекрасен остров“: Трамп…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…

(Видео) Огномет и факели за Артан Груби…

Десетици граѓани и поддржувачи синоќа се собраа…

Една година од смртта на Панчо: Споменот…

Денеска се навршува една година од смртта…

Израелска стратегија за иднината: Превентивни војни, слабеење…

Контроверзна стратешка концепција, претставена во публикација на…

Зеленски потврди: Втора ноќ по ред Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина…