Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по повод Илинден
По повод 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука со која се помилувани вкупно 25 осудени лица. Одлуката е објавена во „Службен весник“ и стапува во сила веднаш.
Од вкупниот број, шест лица се целосно ослободени од натамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна, додека на останатите 19 лица казните им се намалени за определен период.
Целосно се ослободени од натамошно извршување на казната затвор: Илин Љупчо Анушев од Скопје, Трајчо Борис Танчев од Кавадарци, Амир Надир Саити од село Чегране, Гостивар, Борче Трајан Настески од село Тажево, Македонски Брод, Благојче Рубин Петрески од Прилеп и Амин Меркис Хајчоски од село Осој, Кичево.
Кај 19 осудени лица е донесено решение за делумно намалување на затворската казна. Најголем дел од нив се ослободени од пет месеци од преостанатата казна, додека кај дел намалувањето изнесува осум или девет месеци.
Најголемо намалување, од една година и шест месеци, е определено за Имер Шефије Јакупи од село Зајас, Кичево.
За осум месеци е намалена казната на Исмаиљхаки Хаџиу од Скопје, додека за девет месеци се намалени казните на Тархан Узеир Шакиров од село Банско и Ѓорге Никола Белчев од Гевгелија.
За пет месеци се намалени казните на Јетула Исмаил Селими, Кадир Наим Зулбеари, Александар Видан Атанасовски, Садат Рамадан Нухији, Стојанче Мите Штеријов, Марјан Јован Антиќ, Христијан Митко Ѓоргиев, Бобан Панче Јосифоски, Антонио Драган Мирчевски, Христијан Боро Крстески, Георгиевски Александар Божидар, Каранфиловски Бобан Никола, Зенула Имер Јусуфи, Алии Метуш Авни и Јахја Мустафа Мухамед.
Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за помилување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…