Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во Грција, а во Скопје преку активисти шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните

t

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор, Зоран Заев. Имено, од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор, пишува на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Не му требаше многу на предавникот Филипче за да отиде кај неговиот другар по криминал и предавства, Заев, за заедно да ужуваат на скапата јахта и од морската шир во Грција да делат насоки за делување на неговите пајташи.

Додека Филипче тера ќефови, ужива по скапите јахти со Заев на Егејот, во Македонија го остави најдолниот слој од талогот на СДС со јасни насоки да шири хистерија, паника и страв кај граѓаните и тоа за водата за пиење.

Толку од “грижата” на Филипче за граѓаните. Кога Заев ќе го повика, за него целиот свет застанува.

Водата во Скопје е безбедна, а оние кои намерно ширеа дезинформации и паника меѓу населението, очекуваме од МВР и ЈО да бидат повикани, пишува Манасиевски во својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните…

СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите…

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…

Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…