(Видео) Новак Ѓоковиќ направи луда забава во Котор, позната манекенка објави видеа од славењето до зори
Епицентарот на светскиот спорт и гламур синоќа беше црногорскиот град Котор, каде што се одржала ексклузивна промоција на новиот документарец под назив „Новак Ѓоковиќ – Волкот во зима“ (Novak Djokovic: The Wolf in Winter). На настанот присуствувале многу познати личности, а по премиерата, забавата продолжила во клуб, каде се и снимени споделени на социјалните мрежи.
Свечената промоција собрала одбран круг гости од јавниот живот, а меѓу првите што го привлекле вниманието биле познатиот кошаркар Тадија Драгиќевиќ и неговата сопруга, познатата манекенка Сандра Никетиќ.
Иако настанот бил строго селектиран, јавноста добила единствена можност да почувствува дел од атмосферата благодарение на социјалните мрежи. Сандра Никетиќ споделила фотографии на својот инстаграм-профил кои веднаш станале вирални, снимајќи моменти со својот сопруг Тадија и тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.
Во првиот објавен трејлер за филмот „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“, за него зборуваат Андре Агаси, Рафаел Надал, Јелена Ѓоковиќ и многу други како зборуваат за него.
Ѓоковиќ зборувал и за тоа дека потекнува од семејство кое морало да се откаже од многу работи за да му обезбеди пристојни услови за да продолжи да се занимава со спорт, додека самиот признал дека никој не се сомнева во него толку колку што се сомнева тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…