Лажен полицаец година и пол работел на аеродром во Словенија
Сериозни пропусти во работата на полицијата се откриени во Словенија, каде човек кој лажно се претставувал како полицаец, цели 18 месеци се учествувал во официјални полициски постапки на аеродромот „Брник“ кај Љубљана, пишуваат словенечките медиуми.
Првата информација дека маж се претставува како полицаец, врши полициски овластувања и дека носи оружје била евидентирана на 30 септември 2025 година.
Информацијата била оценета како вистинита и веродостојна, но поради нејзината чувствителност била достапна само за ограничен број полицајци.
Втора информација за лажниот полицаец била добиена на 9 октомври, но тој продолжил да дејствува.Лажниот полицаец бил откриен на 15 октомври, откако полицајците на аеродромската полициска станица „Брник“ го препознале на фотографии од несреќа на аеродромот.
Тој учествувал во обезбедувањето на местото на несреќата.При апсењето бил облечен во облека слична на полициска униформа.
Кај него биле пронајдени фалсификувана службена полициска легитимација, гасен пиштол и бележник во кој ги запишувал своите активности.Токму бележникот открил дека од април 2024 до септември 2025 година учествувал во најмалку 16 официјални полициски постапки.
Лажниот полицаец претходно работел како обезбедување на аеродромот, па ги познавал полицајците и начинот на кој функционира нивната работа.На полицајците им се претставил како помошен полицаец.
Двапати се пријавил и на конкурс за вработување и за упис во полициско образование, но не бил примен.
Неговата полициска опрема, која ја набавил преку интернет-порталот „Болха“, се разликувала од опремата што ја користат вистинските полицајци, но тоа не било доволно за да предизвика сомнеж кај нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Невреме со град и поројни дождови ја…
Силно невреме проследено со град, обилни врнежи…
Оса уби свештеник во Словенија – го…
Словенечкиот католички свештеник Роберт Емершич почина по…
Хаос во Словенија: Силна бура активираше 50…
Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика…