25 години од Охридскиот рамковен договор – документ што ја промени Македонија
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ со кој на 13 август 2001 година беше поставена основата за политичко решавање на вооружената криза во Македонија.
Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, како и од лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери (ПДП).
На церемонијата присуствуваа и високи меѓународни претставници кои активно учествуваа во преговорите за надминување на кризата.
Охридскиот рамковен договор предвиде серија политички, институционални и уставни реформи, со акцент на поголемо учество на заедниците во јавниот живот, подобрување на нивните права и реформирање на државните институции.
Потпишувањето на договорот следуваше по повеќемесечна вооружена криза и интензивни преговори меѓу домашните политички лидери и меѓународната заедница. Со неговото усвојување започна процесот на имплементација преку уставни измени и донесување нови законски решенија.
Четврт век подоцна, 13 август останува еден од најзначајните датуми во поновата политичка историја на Македонија. Иако и денес постојат различни ставови околу неговото спроведување и последиците, Охридскиот рамковен договор останува еден од клучните документи што го обликуваа развојот на државата по нејзиното осамостојување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години од Охридскиот рамковен договор –…
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето…
Денес локални невремиња со силен ветер и…
По неколкудневните горештини, денеска во Македонија следува…
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…