Нема долго чекање за издавање пасош во летниот период
И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена, нагласуваат од МВР.
Организациските мерки овозможиле покуси рокови
Од Министерството нагласуваат дека ова е првпат во јули и август, периодот кога има најголем наплив на граѓани од дијаспората, постапката да се одвива со ваква динамика и без подолги рокови на чекање. Тоа, како што велат, е резултат на преземените организациски мерки и оптимизацијата на работните процеси.
МВР, нагласуваат во одговорот за МИА, располага со соодветни капацитети за да одговори на зголемениот број барања во летниот период, со цел сите граѓани, вклучително и иселениците кои престојуваат во државата за време на годишните одмори, навремено да ги добијат своите патни исправи.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре, 23 јуни од 21 часот до недела, 27 јуни до 21 часот нема да биде во функција с
Летните месеци традиционално носат зголемен број македонски иселеници кои престојуваат во земјата, кои престојот меѓудругото го користат и за да извадат или да ги обноват македонските пасоши.
МВР со препорака до граѓаните од дијаспората барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата
Во случаи кога постојат итни и оправдани причини поврзани со патување во странство, МВР постапува согласно законските можности за итно издавање патни исправи.
Министерството им препорачува на граѓаните од дијаспората навремено да ја проверат важноста на своите документи и доколку има потреба, барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека во моментов редовната постапка овозможува издавање на документите во кратки рокови.
Од 18 февруари 2025 година, отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР работат согласно ново работно време.
Одделението за управни работи Скопје и Отсекот за управни работи Тетово од понеделник до петок работат во две смени, односно од 07:30 до 19:30 часот.
Отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип од понеделник до петок работат од 08:00 до 18:00 часот. Истото работно време важи и за ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Во Скопје, во зградата на МРТВ пред нешто повеќе од една година беше пуштен во употреба реконструираниот дел од Одделението за управни работи – Скопје, а на настанот тогаш министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека повеќе нема хаос и неред, како и граѓани со нарушено достоинство, кога е потребно да се извади личен документ или да се оствари која било услуга која ја дава овој Оддел.
-Целта на реконструкцијата е граѓаните да имаат можност за брзи и ефикасни услуги, да го штедат своето време и сето тоа да биде на достоинствен начин како што заслужува секој македонски граѓанин. Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата – потенцираше тогаш Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема долго чекање за издавање пасош во…
И покрај зголемениот број барања за лични…
Муцунски: Мора да има одговорност за ширење…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во…
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при…
„Филипче на одмор на јахтата на Заев,…
„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми…
Македонија со скок од 29 позиции на…
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс…