Комисија за заштита на конкуренција: Проекс Интернационал од Косово ги купува маркетите на „Тинекс“, српски „Јасмин“ ги презема продавниците „Космо“
Пред четири дена до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Проекс Интернационал Л.Л.Ц. од Приштина има намера да стекнe контрола врз „Тинекс Маркет“. Од КЗК ја известуваат јавноста дека е договорено и колку да изнесува трансакцијата, односно купувањето на извесниот удел.
Под оваа косовска групација е синџирот на маркети „Интерекс“ како бренд кој што во иднина треба партнерски да управува со маркетите на „Тинекс“, како што претходно објави „Фактор“. За оваа цел матичната компанија „Тинекс-МТ“ основаше посебна фирма-ќерка „Тинекс Маркет“ кај која ги префрли своите продажни места.
„Врз основа на Писмо за намери и рамка за Трансакцијата од 02.07.2026 година склучено помеѓу Друштвото за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експортимпорт Скопје, со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр. 16-1/мансарда 1, Скопје како Продавач и Проекс Интернационал како Купувач, се согласиле за главните комерцијални услови и структурата на предвидената Трансакција поврзана со стекнување од страна на Купувачот на малопродажниот бизнис на супермаркети што моментално го управува ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје во Република Северна Македонија, меѓу другото, под називите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“ („Бизнис“).
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје по потпишувањето на Писмото за намери и рамка на Трансакцијата, на 14.07.2026 година го регистрирал ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје кој е наменет да служи како средство за стекнување и работење на Бизнисот. На ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје ќе му се стави на располагање Бизнисот или релевантните делови од Бизнисот во согласност со главните услови договорени во Писмото и како што ќе бидат дополнително регулирани во Преддоговорот за купопродажба на удел и дефинитивната документација за Трансакцијата. Главна дејност на Проекс Интернационал Л.Л.Ц.е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутунски производи. Проекс Интернационал Л.Л.Ц. и Групата на која припаѓа Проекс Интернационал Л.Л.Ц. немаат поврзани субјекти регистрирани во Република Северна Македонија, ниту оствариле било каков приход на пазарот во Република Северна Македонија во 2025 година“, објави КЗК.
Истовремено КЗК извести дека српскиот синџир за веледрогерија, односно продажба на козметички производи, Јасмин има намера да преземе најмалку четири продажни места под името Космо, исто така во сопственост на „Тинекс“. Листата на брендови што ги нудат Космо делумно се совпаѓа со асортиманот на Јасмин.
„Тинекс-МТ“ преку своите подружници Космо Тинекс Дрогсторс, работи под трговската марка Космо. Се занимава со малопродажба на парфимерии и козметички производи, производи за лична и домашна хигиена. Мaкедонската компанија Јасмин Парфимерија всушност прво ќе преземе дел од Тинекс-МТ, односно оној под кој се наоѓаат парфимериите Космо.
„ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје ќе стекне единствена контрола врз функционално определен дел од претпријатието на ТИНЕКС-МТ, односно ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје ќе го преземе работењето на четири деловни единици – КОСМО Тинекс Дрогерии, кои како подружници работат под трговскиот знак „Cosmo” (“Целен бизнис”), заедно со залихите на готови производи, опремата и мебелот што се наоѓаат во нив, а преземените продавници ќе продолжат да работат под нов, различен бренд. Учесниците во концентрацијата предвидуваат, најпрво да се спроведе преземањето на работењето на четирите деловни единици – продавници од страна на ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје, а потоа целокупниот удел во ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје од Матосс Гроуп ДОО Скопје да се пренесе на ЈАСМИН ДОО Белград“, информира Комисијата за заштита на конкуренцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комисија за заштита на конкуренција: Проекс Интернационал…
Пред четири дена до Комисијата за заштита…
Западнонилската треска се шири во Грција: 110…
Бројот на заболени од западнонилска треска во…
Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп
Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија…
Нема долго чекање за издавање пасош во…
И покрај зголемениот број барања за лични…
Муцунски: Мора да има одговорност за ширење…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…