МВР се огласи, повреди пронајдени на телото на починатиот директор на Алсат

t

Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

– Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот – се вели во соопштението од МВР.

Местото на настанот е обезбедено од полицијата, а во тек е увидот под раководство на јавен обвинител. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причината и околностите за смртта.

Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“. Пред ангажманот во „Алсат“, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…