Мицкоски на годишнината од Рамковниот договор: Иднината мора да ја ослободиме од етнички тензии
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите.
Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината“.
Ова го пишува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во пост на Фејсбук.
Тој вели дека ловеќе од две децении подоцна, пред нас стојат нови предизвици. Денешните генерации очекуваат функционални институции, еднаквост пред законите, квалитетно образование, подобро здравство, повисок животен стандард, економски развој и можности својата иднина да ја градат дома. Тоа се прашањата околу кои треба да се обединуваме, без оглед на етничката, верската или политичката припадност.
„Време е политиката сè помалку да се занимава со тоа што нè разделува, а многу повеќе со она што заеднички треба да го изградиме. На Македонија ѝ е потребно општество во кое вредноста на човекот нема да се мери според неговото потекло, туку според неговото знаење, труд, чесност и придонес кон заедницата. Држава во која институциите ќе му служат на граѓанинот и во која напредувањето ќе зависи од способноста и резултатите“, пишува Мицкоски.
Тој потсетува дека наша одговорност денес е да создадеме стабилна и сигурна држава во која секој ќе се чувствува почитуван и еднаков пред законот, а истовремено да изградиме заедничко чувство на припадност и одговорност кон државата.
„Минатото – заклучува тој – не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме. Таа иднина мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби кои со години се користеа како замена за резултати. Наместо тоа, потребни ни се работа, развој, ред, меѓусебна почит и силни институции. Тоа е обврска кон генерациите што доаѓаат да им ја оставиме Македонија постабилна, поуспешна и поправедна од онаа што ние ја наследивме. Држава во која различностите ќе се почитуваат, но заедничката иднина ќе биде посилна од сè што нè дели“, пишува премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на годишнината од Рамковниот договор: Иднината…
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се…
Гори на 9 локации низ Македонија, 2…
На ден 13.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Уапсени мајка и ќерка: Се заканувале на…
На 12.08.2026 во 11:45 часот, полициски службеници…
МВР се огласи, повреди пронајдени на телото…
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини,…
Цариниците пронашле тројца мигранти скриени меѓу кутии…
Царински службеници од Царинската управа пронашле тројца…