(Видео) Руски дрон нападна патнички воз во Украина, загина машиновозач!
Руски дрон „Шахед“ погоди патнички воз во украинскиот регион Одеса, при што загинаа машиновозачот и неговиот помошник, а 340 патници мораа да бидат евакуирани.
Нападот се случил во четвртокот, 13 август, во областа Березивка, кога дронот го погодил локомотивот на патничкиот воз на релација Одеса–Днипро.
Снимките објавени од украинските служби за вонредни ситуации покажуваат тешко оштетен локомотив, додека пожарникарите го гасат пожарот. На еден од вагоните се забележуваат искршени прозорци, а патниците со својот багаж се префрлаат во автобуси.
Според директорот на украинските железници, Олександр Перцовски, дронот бил забележан од мониторинг-тим, по што на екипажот му било наредено да го запре возот во близина на станица.
Но, дронот ненадејно го променил правецот и екипажот немал доволно време да го напушти возот откако тој запрел.
Во возот имало вкупно 340 патници, меѓу кои и 67 деца. Сите биле евакуирани и безбедно пренесени до Одеса со 21 автобус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека операторот на дронот не можел да не знае дека станува збор за патнички воз со цивили.
Тој повторно повика на зајакнување на украинската воздушна одбрана.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала 133 дрона кон Украина, од кои 111 биле пресретнати. Во други руски напади низ земјата биле повредени уште шест лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…