Загина 65-годишен работник, го прегазил виљушкар во Аеродром
65-годишен скопјанец го загубил животот во несреќа на работното место во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром.
Според МВР, случајот бил пријавен на 12 август околу 12:25 часот од Итната медицинска помош. В.Н. (65) извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил.
На местото на несреќата биле повикани надлежните служби, а смртта на работникот била констатирана.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…