Објавено на:

(Видео) Пожар избувна на туристички брод во Турција, 115 лица спасени откако скокнале во морето

t

Пожар избувна на туристички брод во близина на југозападниот турски крајбрежен град Фетије, по што сите 115 лица кои се наоѓале на бродот, меѓу кои и деца, морале да скокнат во морето со спасувачки елеци.

Според турската државна агенција Анадолија, припадници на противпожарната служба и крајбрежната стража го изгаснале пожарот, а сите 115 патници и членови на екипажот биле евакуирани.

Засега нема пријавени загинати или сериозно повредени лица. Две лица биле пренесени во болница поради проблеми предизвикани од вдишување чад. Децата биле превентивно прегледани од медицински екипи.

Според информациите, пожарот избувнал околу 11 часот претпладне во кујната на бродот, додека се наоѓал во заливот Катранџи. Пламените јазици брзо се прошириле низ бродот, поради што луѓето на него биле принудени да влезат во морето.

Бродот претрпел сериозни оштетувања и повеќе не бил во состојба да продолжи со пловидба. По гаснењето на пожарот било започнато негово влечење кон брегот.

Надлежните служби отвориле истрага за да се утврди точната причина за избувнувањето на пожарот.

Извор: Агенција Анадолија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожар избувна на туристички брод во…

Пожар избувна на туристички брод во близина…

Ердоган: Турција со сите сили ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во…

Турција почна да користи вештачка интелигенција за…

Проектот за сметководство и напредна аналитика на…

Се подобрува состојбата на пациентот кој со…

Тој во изјава за медиумите посочи дека…

Уапсена градоначалничка во Турција, опозицијата обвинува дека…

Турската полиција ја приведе градоначалничката на Ускудар,…