ДУИ се налути за новите полицајци: „Само 7 проценти од нив се Албанци“

t

Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број, се наведува во соопштението од ДУИ.

-Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец. Овие две бројки јасно ја покажуваат насоката на кадровската политика во Министерството за внатрешни работи.Полицијата беше една од институциите во кои Охридскиот мировен договор донесе суштинска промена во застапеноста на Албанците. Правичната и соодветна застапеност беше утврдена како уставен принцип со цел државните институции да го одразуваат мултиетничкиот карактер на земјата, велат од ДУИ.

Во соопштението ДУИ наведува дека денес, 25 години по Охридскиот договор, податоците од МВР покажуваат назадување во овој процес.

-Помалку од 40 Албанци од 549 новопримени полицајци и само еден Албанец од 30 наградени полициски службеници се конкретни показатели за оваа политика. ДУИ ќе продолжи да ги следи конкурсите, унапредувањата и именувањата во Министерството за внатрешни работи и во другите државни институции, и јавно ќе го посочува секое нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе ги добие посмртните останки на…

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање…

Снајперски пушки и знамиња со ИСИС –…

Шест лица се уапсени во Скопје и…

Фон дер Лајен в петок доаѓа во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Иран со директна закана кон нафтениот пазар:…

Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф…

Зошто би сакале да се смени Филипче,…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на наводите за…