MНР до македонските државјани кои се на Халкидики: Следете ги препораките на локалните власти

t

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

„Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти“, соопшти Министерството.

Македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун сè уште нема официјална информација од грчките институции за бројот на евакуирани македонски државјани. Дел од нив телефонски побарале информации и добиле насоки како да постапуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Граѓани влегоа во ТВ „Информер“, Вучиќевиќ…

раѓани влегоа во ТВ „Информер“, Вучиќевиќ тврди…

Кузмановиќ од Студентската листа за РТ: Ќе…

Претставникот на Студентската листа, професорот Владан Кузмановиќ,…

Силен ветер ќе ја зафати Македонија –…

Силен ветер од северозападен правец се очекува…

ЧОВЕКОТ КОЈ МУ ГО ДАДЕ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ…

По изборниот пораз на Српската напредна странка…