Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот, велат од Влен.
„Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко“, велат од Влен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски потврди: Втора ноќ по ред Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина…
САД ја обвинија лошата временска состојба за…
Соединетите Американски Држави го објасниле неуспехот навремено…
(Видео) Украина нападна на нафтено складиште во…
Украина, според првичните информации, извршила нов масовен…
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…