(Видео) Во паника, од пожарот бегале во морето, спасувачите извлекле речи 200 луѓе
Речиси 200 луѓе, меѓу кои и деца, биле спасени во текот на ноќта од морето и од пловила на макарското крајбрежје, откако поради големиот пожар што ја зафатил областа биле принудени да побараат спас на море.
Опсежната спасувачка акција ја координирала Националната централа за усогласување на трагање и спасување на море во Риека, во соработка со Капетанијата на пристаништето Сплит и нејзините испостави.
Акцијата започнала во четвртокот во 23:40 часот, по пријави дека поголем број луѓе, меѓу кои и деца, се наоѓаат во морето и на пловила без надзор, каде што се засолниле од пожарот.
Во спасувањето учествувале сите расположливи чамци на Капетанијата на пристаништето Сплит, како и испоставите во Макарска, Милна и Хвар. Поморската полиција Сплит се вклучила со две полициски пловила, а учествувало и брзо пловило „Модруљ“ на Хрватската крајбрежна стража.
Помош пружиле и службеници на Царинската управа со едно пловило, припадници на Хрватската горска служба за спасување со гумен чамец, граѓани, како и приватна компанија со патнички брод.
Интензивното спасување се одвивало од 00:15 до 02:45 часот. Службениците на трите пристанишни испостави спасиле вкупно 194 лица, главно со евакуација од брегот, од морето и од пловила на кои луѓето се качиле за да се засолнат од огнот.
Најмногу интервенции имало на подрачјето од Немира до Рускамен. Конечниот број на спасени лица ќе биде познат по завршувањето на акцијата и целосното смирување на опасноста, бидејќи во спасувањето учествувале и други служби, граѓани и приватни компании.
Поради пожарот, „Јадролинија“ соопшти дека траектот на линијата 633 Плоче – Трпањ ќе сообраќа непрекинато, без да го следи стандардниот ред на пловидба.
По смирувањето на ситуацијата, службениците на Капетанијата на пристаништето Сплит и нејзините испостави продолжиле со превентивен надзор на крајбрежјето погодено од пожарот. Надзорот ќе продолжи и во текот на денот, во координација со Националната централа во Риека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во паника, од пожарот бегале во…
Речиси 200 луѓе, меѓу кои и деца,…
Нобеловецот Дмитриј Муратов: Победа за Русија во…
Поранешниот главен уредник на „Новаја Газета“ и…
Москва се разбуди на 9,7 Целзиусови степени
Температурата во Москва во ноќта меѓу четвртокот…
Волстрит во зелено: S&P 500 урна рекорд,…
Американскиот берзански индекс S&P 500 го заврши…
Пет македонски семејства побарале помош за евакуација…
До сега вкупно пет македонски семејства побарале…