Нов Зеланд ја повлече поддршката за Инфантино
Нов Зеланд се приклучи кон земјите кои ја повлекоа поддршката за актуелниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. Одлуката доаѓа како реакција на плановите на швајцарскиот функционер за продажба на дел од комерцијалните права за турнирите под покровителство на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. Планот во меѓувреме беше повлечен, но предизвика сериозна загриженост околу транспарентноста и управувањето во ФИФА.
„Фудбалската федерација на Нов Зеланд објавува дека ја повлекува поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за претседател на изборите на Конгресот во 2027 година“, се наведува во официјалното соопштение на организацијата.
Од Новозеландската федерација исто така побарале спроведување независна истрага за чекорите преземени при развојот на спорниот проект на ФИФА. Според НЗФ, неодамнешните одлуки и постапки придонеле за нарушување на довербата и зголемување на поделбите во меѓународниот фудбал.
Одлуката на Нов Зеланд е значајна бидејќи доаѓа и покрај ставот на Океанската фудбалска конфедерација, која изрази поддршка за Инфантино. Со тоа Нов Зеланд се издвојува како најголема членка на ОФЦ која јавно се спротивстави на актуелното раководство на ФИФА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп повтори дека Путин сака мировен договор,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави…
На 57 годишен Охриѓанец му се превртело…
На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС…
Зеленски жестоко му возврати на Трамп: „Не…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директна критика…
Фицо: Наскоро ќе точите скап американски дизел…
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше…
Шест полицајци ќе бидат суспендирани поради наводни…
Шест полициски службеници ќе се соочат со…