Уште еден дрон се урна во Романија
Уште еден дрон се урна во Романија. Дронот се урна во шумска област во близина на селото Лункавица, округ Тулча, на пет километри од границата со Украина.
Повикот на 112 го упатиле граѓани кои го забележале дронот во областа на каменоломот Четацуја. Дронот летал на екстремно ниска надморска височина и не бил откриен од радарските системи за надзор, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана испратено до агенцијата Агерпрес. Дронот се урна во шумска област. Според прелиминарните информации, немало материјална штета и жртви. По падот на дронот следела експлозија што предизвикала локален пожар во шумската област.
На местото на настанот била испратена петчлена противпожарна бригада од службата Мацин со специјализирано противпожарно возило за гаснење на пламенот. Воени пожарникари и чувари го пребаруваат местото за остатоци. На местото на настанот е испратен и воен тим со хеликоптер IAR 330 PUMA SOCAT. Преку системот RO-ALERT се испратени пораки за екстремна опасност од паѓање предмети, при што предупредувањето го опфаќа не само северниот дел од округот Тулча, туку и источниот дел од округот Галати. Воздушната тревога прогласена на романска територија во врска со руските напади врз Украина беше укината во 12:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден дрон се урна во Романија
Уште еден дрон се урна во Романија.…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…
Остатоци од дрон паднаа во Романија
Остатоци од беспилотно летало соборено од Украина…
Романија протера руски дипломат поради инциденти со…
Романија прогласи член на руската дипломатска мисија…
Романија за три дена собори три дронови…
Борбен авион Ф-16 на Романија, утрово во…