Се санира таванот во Универзитетска библиотека за 50 илјади евра
Од вчера се санира таваницата во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Поради безбедносни причини, демонтажа и отстранување на стаклени плочи, стариот дел на Библиотеката ќе биде затворен и нема да работи со корисници се до завршување на санацијата. Откако покривот ќе биде саниран се очекува денски, внатре атмосферата да биде како и надвор, со тој тип на светлина потребна за библиотека.
Услугите граѓаните ќе може да ги користат во Мултимедијалната читалница во новиот дел. Единствено нема да може да се зајмуваат сериски публикации. Санацијата на покривот ќе чини 51 илјади евра. Најголемата библиотека во земјава, во која се чува македонското национално богатство, е формирана во 1944, а во 1971 е преселена во оваа зграда во центарот на Скопје која е прогласена за споменик на културата, архитектонско ремек-дело на еден од најзначајните македонски архитекти, Петар Муличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реновирано одделението за литература за деца во…
Одделението е модерно уредено со елементи, книги…
Одлична вест за студентите: Арсовска донесе одлука,…
По барање на студентите читалната во градската…