Родители се тепале откако дете било удрено со шише
На 14.08.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници.
„Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од Б.Ц.(46) од Скопје – татко на еден од малолетниците.
Додека пак, Б.Ц. пријавил дека околу 22:00 часот во двор од куќа во Кисела Вода, неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б., кои претходно еден од малолетниците ненамерно удрил малолетничка со пластично шише.
Исто така, А.Х.(45) од Скопје пријавил дека на 13.08.2026 околу 22:15 часот во Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б.“, соопшти полицијата.
По преземени мерки, СВР Скопје ги расчисти пријавните настани и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…