Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, Ѓорѓиевски прогласи крај на едно триесетгодишно чекање

t

Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“.

-Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје живееја со гужви, нервози и сообраќајна голгота. Тоа време завршува! Со мојот тим си поставивме јасна цел – да не бараме изговори, туку решенија. Да не зборуваме што било невозможно вчера, туку да покажеме што е возможно денес кога се работи чесно, домаќински и со силна волја –  напиша скопскиот градоначалник на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…