Со багер оштетен оптички кабел – кривично пријавени две лица
Две лица се кривично пријавени поради оштетување на оптички кабел во сопственост на Министерството за внатрешни работи при изведување градежни работи во Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.К. (53) од Тетово и Ј.А. (27) од селото Цветово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.
Според информациите од МВР, на 28 март 2026 година, првопријавениот, во својство на одговорно лице во правно лице, го ангажирал второпријавениот за изведување градежни работи со багер на надвозникот над улицата „Маршал Тито“ во Тетово.
При изведувањето на ископот, градежната машина го оштетила, односно го откинала оптичкиот кабел кој е во сопственост на Министерството за внатрешни работи.
СВР Тетово презема мерки и активности во рамки на случајот, а против пријавените ќе следува понатамошна постапка пред надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со багер оштетен оптички кабел – кривично…
Две лица се кривично пријавени поради оштетување…
Тешка сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“ во…
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…
Мароко ги протера новинарите од агенцијата ЕФЕ…
Мароко денеска ги протера новинарите на шпанската…
Три нови случаи на западнонилска треска
Потврдени се три нови случаи на западнонилска…
(Видео) Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар,…
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди…