„Ужасот над Зелениково“: Огнот стигнал до куќите, жители и пожарникари спречиле катастрофа
Пожар што ноќеска избувнал над Зелениково се приближил непосредно до последните куќи во населбата, но со брза и координирана реакција на пожарникарите, локалните жители и доброволците била спречена поголема катастрофа, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој објави дека околу два часот по полноќ добил телефонски повик од вознемирена жителка, која во паника побарала помош бидејќи огнот се приближувал кон нејзината куќа.
„Според паниката во нејзиниот глас претпоставив дека пријавата е вистинита, а состојбата алармантна“, напиша Ангелов, додавајќи дека веднаш ги контактирал скопските пожарникари, кои веќе испратиле возило од станицата во Драчево.
На терен пристигнал и градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски, кој лично го стартувал општинското противпожарно возило и се упатил кон загрозените куќи. Во гасењето се вклучиле и припадници на доброволното противпожарно друштво, како и повеќе жители кои претходно со вода и расчистување на грмушките се обидувале да создадат заштита околу домовите.
„Сите заедно успеале да ја сопрат огнената стихија пред да стигне до првите куќи“, посочи Ангелов.
Тој најави дека доброволните пожарникари од Зелениково ќе бидат вклучени во Тимовите за брз одговор на ДЗС, а Дирекцијата ќе им обезбеди заштитни униформи и противпожарна опрема.
„Доволна е само искра за вистинска катастрофа“, апелира Ангелов, повикувајќи на максимална внимателност во периодот на зголемена опасност од пожари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Распишана МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша централна…
(Видео) КАФЕ ПРЕД „ЛЕКУВАЊЕ“: ИВА МИХАЈЛОВА СНИМЕНА…
Ива Михајлова, за која во медицинската документација…
Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот…
Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно…
Утре без струја делови од Карпош и…
Дел од корисниците во скопските општини Карпош…
Михајлова никогаш не се извинила на семејството…
Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…