Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење на огнот пожарникар ѝ даваше вода на жедна желка
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле желка која била изнемоштена од огнот и ѝ дале вода за да ја освежат. Фотографијата од моментот како пожарникарот со едната рака ја држи а со другата ѝ дава да пие вода од шише трогна многумина на социјалните мрежи, пренесува Дубровникнет.
На официјалната Фејсбук страница „Vatrogasci Korčula“ беше објавена серија фотографии од гаснењето пожар на Пељешац, а многумина во коментарите им се заблагодарија за нивната храброст и хуманост.
Фотографија од пожарникар кој држи желка во едната рака и шише вода во другата од кое загрозеното животно се обидува да пие привлече посебно внимание.
Корисниците на Фејсбук истакнуваат дека пожарникарите покажале хуманост затоа што нашле време да се грижат за животните кои биле оставени сами на себе, додека спасувале луѓе и семејни домови.
Фотографијата е направена претходно оваа недела за време на гаснењето пожари во Пељешац, а пожарот е сè уште активен денес на неколку локации во Хрватска. Во моментов погодени се делови од Задарската жупанија, а пожарите во близина на Омиш и Пељешац се во фаза на санација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Трагедија во Хрватска: Во пожар загинаа татко…
Три лица го загубија животот во пожар…