ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО ОЗЛОГЛАСЕНО ПОЛИТБИРО
Соопштение на ВЛЕН
Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце.
Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба, а веднаш потоа да рече дека „првото нешто“ е Груби да биде ослободен од куќен притвор.
Па добро, која приказна сега важи?
На Ахмети очигледно не му излегува есапот. Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ.
Затоа нервозата расте. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот. И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт.
Дали Бујар го мери моментот кога да тргне кон лидерската фотелја или прво сака да види што сè може да излезе од „црната кутија“?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…
ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…
ДУИ две години молчеше, а денес, кога…
ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…
Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…