Објавено на:

Русија издаде налог за апсење на правнукот на Кенеди, се борел на страната на Украина

t

Русија го бара правнукот на Кенеди оти се борел на страната на Украина. 

Русија издаде налог за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, за неговото учество во борбите во Украина во 2022 година. Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија.

Суд во Москва го одобри апсењето во отсуство на Конор Кенеди на 12 август, ставајќи го на листата на барани лица, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Кенеди е обвинет за платеничка активност според рускиот кривичен закон, што носи затворска казна од 7 до 10 години. ТАСС објави дека адвокатот на Кенеди поднел жалба на одлуката, но судот ја потврдил првичната пресуда.

Конор Кенеди во октомври 2022 година напиша објава на Instagram за своето време во Украина. Во објавата рече дека е длабоко потресен од она што го видел во Украина. Нагласи дека немал воено искуство пред да оди во војна и само на неколку луѓе им кажал за својата одлука.

„Не сакав моето семејство или пријатели да се грижат, ниту пак сакав таму да се однесуваат поинаку кон мене“, напиша Кенеди.Украинската меѓународна легија беше основана на почетокот на руската инвазија во 2022 година. Медумите објавија за загинати странски борци од Британија, Бразил, Естонија, Грузија и други земји. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија издаде налог за апсење на правнукот…

Русија го бара правнукот на Кенеди оти…

Седум активни пожари низ Македонија

На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана…

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари…

Клековски повика на празнење на базените поради…

Мерките за справување со епидемијата на западнонилска…

Ноќна акција на МВР низ цела Македонија:…

Во текот на изминатата ноќ, на територијата…