Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

t

Македонија  се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа.

-Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас LNG, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор, посочи Божиновска.

Интерконекциите, нагласи, се планирани и за транспорт на 100 проценти водород, со што Македонија се подготвува и за идната европска водородна инфраструктура.

-Повеќе извори, поголема сигурност и посилна регионална поврзаност, порача Божиновска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Михајлова никогаш не се извинила на семејството…

Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова

Министерството за внатрешни работи распиша централна и…

Тенеси може повторно да се обиде да…

Само една недела откако Криста Пајк преживеа…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…

Европа отвора нови рудници – Македонија сè…

Бакарот станува една од клучните суровини во…