Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – Тој ме разбира мене, јас го разбирам него
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека неодамна разговарал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, откако најави дека САД ќе ги намалат воените вежби со Јужна Кореја.
Одговарајќи на прашање од новинарите во Овалната соба на Белата куќа зошто Ким Џонг Ун не реагирал на вчерашната одлука на Трамп за намалување на воените вежби со Јужна Кореја, американскиот претседател рече дека севернокорејскиот лидер сепак „реагирал“, објави „Ројтерс“.
„Ким Џонг Ун отсекогаш се однесувал кон мене со голема почит и се сретнавме во неколку наврати, всушност два големи, и разговаравме и поминавме време. Го разбирам. Тој ме разбира мене. Она што го правам е да ги направам работите побезбедни“, рече Трамп.
Трамп претходно најави намалување на воените вежби со Јужна Кореја, потег што доаѓа во чувствителен период во односите со Северна Кореја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…